Гвардиола ја потврди првата „бомба“ во ерата на Чави: Блиску сме до комплетирање на трансферот!
Шпанските медиуми во изминатиот период почнаа да ја најавуваат првата „бомба“ во ерата на Чави Ернандес како тренер на Барселона, а сега истата речиси и дефинитивно ја потврди Пеп Гвардиола.
Менаџерот на Манчестер Сити попладнево призна дека Феран Торес е пред трансфер во Барса, откако самиот играч побарал дозвола за трансфер по сериозниот интерес од страна на каталонскиот гигант.
Поранешниот играч на Валенсија посакал да се врати во својата родна земја и во Барселона му е ветена голема минутажа, нешто што едноставно не му е загарантирано во актуелниот ростер на Гвардиола.
– Преговорите се наоѓаат во завршна фаза, навистина е блиску до комплетирање. Знам дека се преговара и дека е многу блиску до финиширање.
– Се уште не е официјално, кога клубот ќе го потврди тоа и јас ќе зборувам подетално за сумата. Јас сакам сите играчи да бидат среќни. Феран е од Шпанија, Барселона го сака и тој ми порача дека сака да оди таму. Јас му реков дека е слободен за такво нешто. Агентите и директорите се блиску до договор, – призна Гвардиола.
Comments