Гвардиола со брутален коментар го истрола Лукаку: Станав европски шампион поради…… (Фото)
Пеп Гвардиола се врати во родната Шпанија за да одмори по напорната сезона која ја имаше во Манчестер Сити, а која заврши на најдобар можен начин за него и неговите играчи.
Гвардиола по вторпат во својата кариера освои една триплета и стана првиот менаџер по Сер Алекс Фергусон кој го направил тоа во Англија, но иако даде безброј изјави за огромниот успех по победата во Истанбул, сега од Шпанија пристигна најпровокативниот коментар поврзан за големото финале.
Шпанецот долги години се мачеше да дојде до трофејот за кој добиваше и големи забелешки од јавноста, но кога конечно успеа во тоа, имаше и мала помош од ривалите.
Тука пред се се мисли на Ромелу Лукаку, напаѓачот на Интер кој режираше промашување во завршницата кое сигурно ќе го прогонува до крајот на животот.
– Ми беа потребни осум години за да ја освојам титулата во Лигата на шампионите со Сити. Станав европски шампион бидејќи еден напаѓач промаши празен шут со глава од неколку метри…., – изјави Гвардиола.
Comments