Гвардиола: Пола тим ми е повреден, не знам кој ќе игра утре
01.11.2024 Noemvri Petok
Борнмут му нанесе непријатен удар на Арсенал и го победи на домашен терен, а сега утре ќе го пречека и актуелниот англиски шампион кој има огромни проблеми со играчкиот кадар.
Пеп Гвардиола не може да смета на десет играчи кои во секој момент можат да бидат стартер и повредите му носат огромни главоболки, но шпанскиот стручњак не сака да бара изговори и вели дека не се единствените кои имаат слични проблеми.
Гвардиола утре сигурно нема да смета на Боб, Родри, Вокер, Де Брујне, Аканџи, Доку, Грилиш и Савињо, неизвесни за настап се и Рубен Диаш и Гвардиол, но тоа не ги намалува амбициите на Гвардиола кој верува и во играчите од Академијата.
– Пола тим ми е повреден, утре ќе го видите составот. Имам многу дилеми и нејаснотии, пола тим ми е под знак прашалник. Утре ќе знаеме и ние повеќе за состојбата на неколку играчи. Ја следиме ситуацијата со повредените фудбалери, но не можеме да направиме ништо, освен да се потрудиме да се вратат побрзо. Ќе видиме кој ќе игра, на некои позиции мора да бараме итни решенија. Некои решенија ќе дојдат од Академијата, но токму за тоа служат младинските школи.
– Не сме единствените во светот со вакви проблеми. Имаме доста повредени играчи, но тоа е што е. Им реков на играчите да не се сожалуваат, ова е уште еден предизвик за нас, – изјави Гвардиола, кој потврди дека повредата на Савињо не е така сериозна какошто се мислеше.
– Савињо доби удар кој беше многу силен, но среќа нема пукнатина. Тоа е добра вест, – заврши Шпанецот.
댓글