top of page

Гвардиола по „петардата“ против Јувентус: Играчите повторно почувствуваа како е да се биде добар тим…

27.06.2025 juni Petok

Манчестер Сити го разби Јувентус со 5-2 во дербито и го освои првото место во групата што му донесе полесен ривал во осминафиналето или во случајот тоа е Ал Хилал.

Премиерлигашот делуваше моќно против калчолигашот, постигна пет гола, а можеше уште некој, издание кое дефинитивно го израдува, задоволи Пеп Гвардиола.

-Ми се допадна начинот на кој тоа го направивме. Помина долго време откако имавме ваков настап, со и без топка. Играчите беа посветени и среќни сме што победивме против топ тим. Ова е само еден натпревар, но мислам дека играчите повторно почувствуваа какво е да се биде добар тим. Вербата секогаш доаѓа од вашите настапи, а не од вашето минато.

-Навистина сум задоволен бидејќи најважно е играчите да сфатат што треба да направиме за да бидеме онакви какви што бевме во последната деценија. Имам чувство дека минатата сезона имавме неверојатен состав и тим, но 50% од играчите беа повредени, што значи дека паднавме и не можеме да се натпреваруваме. Оваа сезона ќе се обидеме да го одржиме овој ритам што е можно подолго, -порача Гвардиола.


 
 
 

Comments


bottom of page