top of page
Search

Гвардиола одговори дали ќе биде англиски селектор: Комплетно сум фокусиран…

23.07.2024 juli Vtornik

Англиската фудбалска федерација е во потрага по нов селектор, човек кој ќе го замени Герет Саутгејт кој одлучи дека е време за разделба по Европското првенство кое се одржа во Германија.

Саутгејт се соочи со многу критики пред и по турнирот, па реши да остави простор да дојде нов селектор и да проба да ги донесе резултатите, игрите кои се очекуваат од „гордиот албион“. Во меѓувреме доста имиња се извадија во јавноста како кандидати за жешкото столче, а меѓу нив беше споменат и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Шпанецот долго време во англискиот фудбал е многу добро знае како функционираат работите, ама засега тој останува фокусиран на проектот со „граѓаните“.

-Навистина сум возбуден за оваа претстојна сезона. Навистина сум среќен овде. Секоја сезона ми треба пауза, дефинитивно, но потоа ги полнам батериите и ја имам истата енергија како и обично. Знам дека натпреварувањето доаѓа и јас сум целосно фокусиран на тоа, -истакна 53-годишниот стручњак.


0 views

Komentarze


bottom of page