Гвардиола образложи зошто Де Брујне веќе не е недопирлив во стартната постава на Сити
Пеп Гвардиола се покажа како менаџер кој многу знае да менува и импровизира со своите стартни постави изминатите години во англискиот фудбал, но речиси никогаш не се доведуваше во ситуација и не си го дозволуваше тој луксуз да го одмора Кевин Де Брујне.
Оваа сезона доста почесто гледаме таква слика и Белгиецот доби шанса во самата завршница против Кристал Палас изминатиов викенд, а денеска Гвардиола објасни зошто Кевин повеќе не е така недопирлив во стартните 11 како што беше претходните години.
– Ова е тешка сезона за сите нас, вклучувајќи ме и мене. Светското првенство и многу други работи. Нема потреба да зборувам колку го сакам Кевин и колку е тој добар.
– Но, за да се врати во најдобро светло, мора да се врати на своите почетоци. Треба да се врати на најпростите работи, а потоа се ќе биде како што треба. Тој има неверојатен квалитет да додава, да постигнува голови и да гледа пасови кои другите не ги гледаат.
– Но, во моментов треба да ги прави најпростите работи и само така ќе се подобри. Треба да се насочи на најпростото, да не ја губи топката, да се движи и да биде активен кога е најважно. Кога ќе почне да го прави тоа, се ќе дојде на свое место, – вели Гвардиола.
Comentários