top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гвардиола: Нема да се извинам, ако јас сум проблемот, можам да си заминам

17.09.2021 Septemvri Petok

Манчестер Сити има добри резултати во оваа сезона, а последната победа дојде во Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, победа од 6-3.

По овој триумф тренерот Пеп Гвардиола истакна дека не е задоволен од исполнетоста на „Итихад“, односно побара поголема поддршка од навивачите за што доби одговор од истите или поточно од секретатор Кевин Паркер кој му порача да си ја гледа тренерската работа.

Ова секако допре до Шпанецот кој пак се одлучи да одговори на директен начин:

-Дали после натпреварот реков дека сум разочаран од посетата, што стадионот не беше полн? Интерпретација е интерпретација. Нема да се извинувам за кажаното. Ова не е првпат во мојата кариера, тоа го кажав во Барселона и Баерн. Кога играме со тим како Лајпциг и три дена подоцна со Саутемптон, знам колку е тешко да се побара од нас да играме повторно во сабота. Кога реков дека барам поддршка, тоа не значеше дека се жалам колку луѓе дојдоа, туку ги поканив да дојдат и да уживаат, а воедно ни се потребни, -рече Пеп и притоа продолжи да зборува.

-Никогаш не сум седнал овде и прашував зошто луѓето не доаѓаат. Ако не можете да дојдете, немојте. Тоа е голема грешка. Ние сме тоа што сме и сме горди на тоа. Ја знам историјата на клубот и тие патувања во странство, тоаго почитувам. Не сакам да бидеме како Јунајтед, Ливерпул, Барселона, Баерн, Реал и други големи клубови. Ние сме тоа што сме и ми се допаѓа. Не ми ставајте зборови во уста што не сум ги кажал. Ако сум голем, голем проблем, тогаш никогаш нема да бидам проблем за навивачите, никогаш. Ако сум проблем за навивачите, ќе се повлечам, тоа не е проблем. Сепак, јас сум еден од нив, навивачи. Од првиот ден се обидувам да бидам најдобар, -заврши Шпанецот.


2 views

留言


bottom of page