Гвардиола: Не очекував дека ќе бидеме со оваа бодовна разлика во овој период
Updated: Jan 25, 2022
24.01.2022 januari Ponedelnik
ФУДБАЛ – АНГЛИЈА
Саутемптон ремизира во дуелот на домашен терен со Манчестер сити (1-1), со што ѝ стави крај на серијата од 12 победи по ред на „граѓаните“ во англиската фудбалска Премиер-лига, што почна на 30 октомври лани. Но и покрај загубените два бода, Сити има солидна предност со 57-те бода по 23 меча, 12 бода повеќе од второпласираниот Ливерпул, кој одигра два меча помалку (вчера играше на гости со Кристал палас).
Нерешениот резултат значеше дека извонредната серија на Манчестер сити е завршена, но тоа не треба многу да го загрижува бранителот на титулата и поради фактот дека последен пат, пред 130 години, во сезоната 1891/92, Престон Норт Енд беше тимот што победи на 12 натпревари по ред и не ја освои титулата.
– Не очекував дека ќе бидеме во оваа позиција, со оваа бодовна разлика, во овој период. Не е многу голема, но во ред е. Би сакал во јануари да имаме 40 бода повеќе од тимови како Ливерпул и Челси, нашите големи ривали, но тоа е невозможно – изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Голот за Саутемптон, кој на осум натпревари во низа на домашен терен не е поразен, го постигна Кајл Вокер-Питерс, прв за него за „светците“ во англиската Премиер-лига, на 68-те одиграни мечеви и 32-та удара кон противничкиот гол. Саутемптон се наоѓа на 12-то место на табелата, со 25 бода од 22 средби.
Comments