Гвардиола има план и има одлучено кога ќе си замине од Сити
Манчестер Сити ја освои првата европска титула во својата историја и со тоа ја комплетираше фантастичната сезона во која освен во Лигата на шампионите составот од „Итихад“ беше најдобар во Премиер лигата и ФА Купот.
Со ова „граѓаните“ станаа втора англиска екипа со „триплета“ по генерацијата на Манчестер Јунајтед предводена од легендарниот сер Алекс Фергусон. Сега Сити исто има еден генијалец на клупата Пеп Гвардиола кој со пехарот во елитното натпреварување едноставно ќе ги замолчи критичарите кои постојано го потсетуваа на тоа, односно имаше и такви кои порачуваа дека не може да го освои пехарот без Лионел Меси.
Меѓутоа сега и тие аргументи се губат, па Пеп ќе може послободно да ја работи својата работа, функција за која наводно веќе има донесено одлука за тоа до кога ќе ја извршува. Имено „ЕСПН“ пренесува дека Шпанецот ќе остане во Сити до 2025 година, поточно дека не планира да ја продолжи приказната со премиерлигашот по истекот на наредниве две сезони.
Гвардиола веќе има 12 големи трофеи со составот од Манчестер, колекција која може да ја збогати во наредниов период. Наводно за него интересна е работата како селектор и во иднина можеме да го видиме на чело на некоја репрезентација.
Comments