Гвардиола знае што му недостасува на Сити: За да бидеме најдобри мора…
Манчестер Сити ја продолжи доминацијата во англискиот фудбал каде ја освои петтата титула во последните шест сезони.
Клубот од „Итихад“ дојде до третото славје во низа во Премиер лигата и тоа откако ја доби битката со Арсенал кој беше негов најголем конкурент во натпреварувачката 2022/2023.
„Топчиите“ долго време беа први на табелата, се некако изгледаше дека ги имаат сите услови за да по долга пауза го вратат пехарот во своите витрини, меѓутоа која беше најпотребно, најжешко тие направија неколку киксови од кои последниот против Нотинген Форест (пораз од 1-0) значеше дека „граѓаните“ остануваат на врвот, тронот во најсилната фудбалска конкуренција на островот.
Тренерот Пеп Гвардиола е задоволен од тоа што неговите момци го направија, но во исто време не заборави да потенцира дека трофејот во Лигата на шампионите би ги направил да бидат комплетни и би ставил крај на една дебата.
-Имам чувство дека направивме нешто извонредно. Ова е нешто извонредно. Луѓето знаат колку е исклучително. Ама да се сметаме себеси за едни од најголемите, треба да ја освоиме Лигата на шампионите, во спротивно сезоната не би била целосна. Може да биде неправедно што треба да ја освоите Лигата на шампионите за да добиете признание и вредност за она што го правивте, но ние мора тоа да го прифатиме – посочи Гвардиола.
Сити има да одигра две финалиња до крајот на кампањата, против Јунајтед во ФА Купот и Интер во ЛШ.
Comments