Гвардиола за сонот: Сакам повторно да ја освојам ЛШ
Утре започнува четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, а еден од дуелите кој е на програмата е оној меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен.
Ова се две големи екипи, екипи кои имаа највисоки амбиции, цели во ова натпреварување, но само една од нив ќе има место во наредната фаза, поточно ќе го продолжи сонот за титула. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола се надева дека токму тие ќе бидат победници иако знае дека нема да биде воопшто лесно против германскиот шампион.
-Многу сакам да ја освојам ЛШ. Сакаме да се обидиме.Чест е да се биде тука против елитен клуб каков што е Баерн Минхен. Ние нема да го земеме здраво за готово. Ова прашање доаѓа секоја сезона, тоа го разбирам. Се обидуваме секоја сезона. Екипите со кои се соочувате се исто така добри и сакаат да триумфираат. Мојот сон е тоа повторно да го доживеам. Ние сакаме да се обидеме, но тоа не значи дека ќе победиме, -истакна Пеп кој има два пехари во ЛШ и тоа кога беше главен во Барселона.
Комментарии