Гвардиола за последната вест од Париз: Жал ми е за Нејмар…..
- Aleksandar Santovski
- Jul 20, 2022
- 1 min read
По првиот бран во летниот преоден рок во кој Нејмар се поврзуваше со заминување од Париз следеше големо затишје, се до вчера кога „Ле Паризен“ излезе со една своја ексклузивна и сензационална информација.
Угледниот медиум излезе со вест дека ПСЖ му го понуди Нејмар на Манчестер Сити, и тоа во операција во која би била вклучена рокада на фудбалери, но која наводно не била одобрена од страна на Пеп Гвардиола.
Во информацијата на весникот се споменуваше Бернардо Силва како играч кој е интересен за ПСЖ, но Гвардиола сега ги негираше сите овие гласини со јасна изјава.
– Жалам за „Ле Паризен“, но веста која ја добиле не е вистинита. Жалам за нив бидејќи погрешно ја информираат јавноста, нивната вест е невистинита.
– Нејмар е неверојатен играч и од информациите кои ги имам, тој е и одлично момче. Да му дозволиме сам да се изразува во јавноста и да не се измислуваат работи. Според најавите на медиумите, Манчестер Сити купува по 150 играчи секое лето, но тоа не е вистина. Жал ми е и за Нејмар што е ставен во ваква ситуација, – изјави Пеп.

コメント