Гвардиола за играчот кој го воодушевува: Родителите не му дале само една работа
Манчестер Сити успешно го заврши гостувањето во Германија кај Лајпциг каде славеше против „биковите“ со 3-1 и со тоа ја презема водечката во позиција во Г групата.
„Граѓаните“ постигнаа голови во двете полувремиња и дефинитивно во добро расположение ќе го дочекаат дербито против Арсенал кое е закажано за овој викенд. Тренерот Пеп Гвардиола беше задоволен поради остварениот резултат и притоа испрати големи комплименти за младата ѕвезда, 18-годишниот Рико Луис кој забележа асистенција на оваа средба.
-Неверојатен, извонреден играч, среќен сум што можам да работам со некој како него. Работев со толку многу големи играчи во Барселона, Баерн Минхен и Сити, но да најдам некој како него, кој не се плаши и кој навистина добро се брани. Треба да биде малку повисок, ама мајка му и татко му не му дале многу за да биде повисок. Освен тоа, тој има се, -порача Пеп за англискиот талент.
Рико има 18 години, висок е 169 сантиметри и освен како бек може да игра и како играч за врска.
Comments