Гвардиола: Грилиш ќе ја носи десетката, бевме убедени дека Меси ќе остане во Барселона
Лионел Меси нема повеќе да биде дел од Барселона, информација која вчера клубот од „Камп Ноу“ официјално ја соопшти, додека пак денеска претседателот Жоан Лапорта ги објасни причините за таа одлука. Со ова Барса го изгуби најголемиот играч во историјата и доправа ќе видиме што тоа за екипата и клубот ќе значи. Од друга страна и Меси беше шокиран затоа што сметаше дека се е договорено и ќе продолжи со каталонците, па сега останува да бара нов тим во кој ќе може да ја продолжи кариерата, тим кој секако ќе може да одговори за неговите цели, амбиции да се бори за најважните трофеи. Како фаворити се споменуваат Манчестер Сити и ПСЖ со тоа што овие првите како што изгледа се откажуваат или поточно не очекувале дека ова ќе се случи, па парите ги употребиле за трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила. -Потрошивме 40 милиони фунти за Џек. Плативме 100, но 60 заработивме во изминатава година. Ќе ја носи десетката затоа што бевме убедени во него и бевме уверени дека Лео ќе продолжи со Барселона, па тој не е во нашите мисли во моментов, -порача Пеп Гвардиола.
Comments