Гвардиола го предупреди Халанд пред дуелот со Лидс: Тој не смее…
Манчестер Сити е фаворит на вечерашниот меч против Лидс Јунајтед во Премиер лигата, но тоа ќе мора да го потврди на теренот на противникот. „Граѓаните“ имаат многу квалитетни играчи во своите редови, но во оваа сезона како главен се издвојува Ерлинг Халанд кој е незадржлив и редовно ги матира противниците. На Сити дефинитивно му е потребен Халанд на највисоко ниво, па менаџерот Пеп Гвардиола испрати едно предупредување до него пред пресметката на „Иланд Роуд“. Лидс е клубот во кој своевремено играше таткото на Ерлинг, Норвежанецот воедно е и роден во овој град, а на клупата на овој тим е Џеси Марш со кого имаа фантастична соработка во Лајпциг. Сето ова како и можниот добар пречек за Халанд од страна на навивачите го натера Гвардиола да му порача да внимава, да не лета и не биде контаминиран со убавите зборови од противникот. -Нема да биде пријателски натпревар. Тие сакаат да победат, ама и ние сакаме да победиме. Нивните навивачи ќе го туркаат нивниот тим. Ерлинг не може да биде контаминиран со убавите зборови од противникот. Мислам дека ќе биде подготвен и сигурен сум дека Џеси [Марш] повеќе би сакал да игра со нашите добри играчи на теренот, -рече предводникот на актуелниот англиски шампион. Средбата се игра од 21 часот.
Comments