top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гвардиола го врати својот миленик во Сити: Тој е инспирација за мене (Фото)

Пеп Гвардиола внимателно ги избира луѓето кои се дел од неговиот стручен штаб, но предизвиците кои ги носи професионалниот фудбал му донесе и многу промени во последно време.

Микел Артета беше верна десна рака на Пеп пред да реши да направи чекор и да го преземе Арсенал, а по крајот на изминатава сезона, Гвардиола остана и без Енцо Мареска кој премина во Лестер.

Шпанскиот стручњак ги почна летните подготовки без комплетиран тим на тренери, но денеска пристигна информација дека се враќа неговата омилена „десна рака“ која работеше со него во Сити од 2020-та до 2022-ра година.

Манчестер Сити денеска потврди дека Хуанма Лилјо се враќа во стручниот штаб на Сити за новата сезоан после авантурата која ја имаше во Ал Сад, по што се претвора во старо-нов асистент на Гвардиола.

– Лилјо е мој пријател, колега и инспирација за мене. Навистина сум многу, многу среќен што се враќа тука во Манчестер Сити. Тој ќе ги подегне стандардите на работа на високо ниво и ќе се работи напорно секој ден, – изјави Гвардиола.



0 views

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page