Гвардиола во елемент: Доби паркинг казна, па бараше пари за селфи (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Aug 22, 2023
- 1 min read
Манчестер Сити успеа да го добие дербито со Њукасл на последниот премиерлигашки настап, а менаџерот Пеп Гвардиола сега ќе го подготвува тимот за следниот предизвик, наречен Шефилд Јунајтед. Но, шпанскиот стручњак во меѓувреме ќе треба да си ја плати казната заработена на некоја од улиците во Манчестер, каде одговорниот за спроведување ред во паркирањето го почести славното име со најнепосакуваниот лист хартија на ветробранското стакло. Гвардиола паркирал на место на кое не смее да го остави автомобилот, а фанови ја снимиле целата негова конверзација со одговорното лице. За да биде поинтересно, откако доби барање за селфи, Гвардиола му потенцираше на лицето што го казни дека треба да си плати за тоа, алудирајќи на вредноста на казната, реакција која ги изнасмеа фановите.

Comments