top of page
Search

Гачевски: Вардар е бренд и институција, ќе се вратиме каде што ни е местото

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од оваа сезона повторно е дел од најсилната домашна фудбалска конкуренција, но „црвено-црните“ и понатаму се соочуваат со многу проблеми и во раната фаза на шампионатот се на последното место со само 4 освоени бода.

Скопскиот тим во наредново коло се соочуваат со Брегалница во Штип, дуел пред кој во фокусот е голманот Филип Гачевски кој е поранешен член на овој тим.

За него ова е специјален натпревар, тој ја цени Брегалница, ама за него Вардар е над сите.

– Кога во Штип се игра фудбал, тој ден е празник во градот, сум го почувствувал тоа кога бев дел од Брегалница. Брегалница е домашна екипа, тежок терен, супер навивач, но ние сме Вардар и ќе атакуваме на победа во недела.

-Целта на Вардар е да застанеме на “здрави нозе” и да го обезбедиме опстанокот во прволигашкото друштво. ФК Вардар е бренд и институција во Македонија и пошироко и сигурен сум дека во скоро време проблемите ќе се надминат и ќе се вратиме каде што ни е местото, -порача Гача за веб сајтот на штипските сини.


 
 

Comentários


bottom of page