Гатузо пронајде момче за својата ќерка во првиот тим на Валенсија: Постојано и зборувам за него….
Џенаро Гатузо одлично се снаоѓа во комуникацијата со новинарите во Шпанија и дава одговори со мешан шпанско-италијански јазик, но по највисоката победа која ја оствари Валенсија под негово водство, Рино беше расположен и за шеги. Италијанецот најпрво ги опомена своите фудбалери за намалениот интензитет и опуштањето во последните 15 минути од мечот со Хетафе, но потоа пофали еден фудбалер кој беше на излезни врати пред да дојде тој во клубот, а кој сега го искористи неиграњето на Гаја. Капитенот ги пропушти првите четири меча поради суспензија, но одлична замена на левата бековска позиција е Тони Лато, кој вчера постигна и сензационален гол за водство од 1:0 во триумфот од 5:1. Гатузо не штедеше комплименти за играчот кој напорно тренира и дава максимум на секој тренинг, па дури и го „пикирал“ и како момче кое може да биде кандидат за неговата 18-годишна ќерка. – Имам среќа што во тимот имам момче како Лато, тој за мене е неверојатен. Уште од првиот ден ми стана јасно за какво дете старнува збор. Изминативе два месеци зборував многу со Тони, бидејќи претходно цело време бил повреден и ретко играл. Тој ме послуша и со тимот направивме посебен режим за него. Проблемот е во тоа што тој дава повеќе од 100 проценти на тренинзите и тоа знае да се одрази со повреда. – Сега го дозираме на подобар начин и одиме во добар правец со него. Презадоволен сум од него, напорно работи, тивок е и максимално понизен. Тој е идеално момче, имам 18-годишна ќерка и постојано и зборувам за Тони, – со насмевка изјави Гатузо.
Comments