top of page
Search

Гатузо покажа класа и се одјави од Валенсија како голем џентлмен

Џенаро Гатузо вчера седна на маса со водечките луѓе на Валенсија за да ја решава својата иднина во првиот тим, а по кризниот состанок се излезе со соопштение дека двете страни срдечно и пријателски се договориле за прекин на соработката.

Италијанскиот стручњак се задржа само седум месеци на „Месталја“, но во овој краток период, уште еднаш покажа дека е огромен џентлмен дури и во тешки околности.

Рино денеска пристигнал во тренинг базата на „лилјаците“ и покрај тоа што веќе нема улога на тренер, со јасна цел да се збогува од играчите на кои им посакал и многу среќа до крајот на сезоната.

Гатузо исто така решил да ги прости сите пари кои требаше да ги добие до крајот на договорот и си заминува без никаква отштета од Валенсија, но и со зборови кои се за вистински поздрав.

– Благодарност до вас новинарите за разбирањето во овие седум месеци додека бев тука. Благодарност до навивачите, тие секогаш ја полнат и ќе ја полнат “Месталја“ и навистина жалам за тоа што се случи. Жал ми е како заврши, но таков е животот. Му посакувам среќа на мојот наследник Воро, ќе има тешка задача, но тој е храбар, исто како и мојот тим.

– Тоа е тоа, решивме да се разделиме со клубот во мирни околности и со голем респект. Жал ми е , што да кажам друго освен следното: Напред Валенсија, ова е многу голем клуб, градот е неверојатен. Ви посакувам среќа на сите, ви благодарам за гостопримството во овие седум месеци, – изјави Гатузо на заминување.




1 view
bottom of page