top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гатузо: Гросо имаше и малку среќа во несреќни околности

Џенаро Гатузо не ја дочека шансата да ја има првата тренерска пресметка со Фабио Гросо, сето тоа како последица на немилиот инцидент кој го режираа неколку радикални навивачи на Марсеј.

Автобусот на Лион беше каменуван пред „Велодром“ и Фабио Гросо го извлече најдебелиот крај, бидејќи по здобиениот удар во главата, мораше да биде шиен и да му се укаже лекарска помош.

Тренерот на Лион еден ден подоцна покажа како изгледа неговото око и лесно се заклучи дека имал голема среќа, бидејќи инцидентот можел да се претвори и во трагедија.

– Фабио Гросо можеше да остане без око. Зборував со него во понеделникот преку видео-повик и веќе беше насочен на тренинзите. Жалам за тоа што му се случи, имам извонреден однос со него и сите се подготвувавме за големо нешто.

– Сите сакаа да гледаат фудбал, но неколку поединци спречија такво нешто. Имаше луѓе кои дојдоа да го гледаат дербито и од Белгија. Зборував со Фабио и за тоа колку имаше среќа. Ако каменот го удрел директно во око, ќе останеше без око. На крајот од денот, имаше и малку среќа во несреќни околности, – изјави Гатузо.


0 views

コメント


bottom of page