Гасперини објасни зошто две ѕвезди на Рома нема да бидат дел од прошталниот натпревар на Меси
foto:x.com/OfficialASRoma
05.10.2026 Oktomvri Ponedelnik
Лионел Меси во среда наутро ќе го одигра својот последен меч во дресот на аргентинската репрезентација и тоа против селекцијата на Бенин на „Монументал“ во Буенос Аирес.
Ова е средба која дефинитивно ќе биде доста емотивна, интересот е огромен, ќе бидат присутни сегашни и поранешни колеги на Лео од националниот тим, група од која нема да бидат дел две ѕвезди на Рома, Пауло Дибала и Нахуел Молина.
Калчолигашот Рома се одлучи за изненадувачки потег и одлучи да не даде „зелено светло“ за двајцата играчи да се вратат во татковината за овој посебен момент, одлука за која првпат јавно проговори тренерот Џан Пјеро Гасперини.
-Збогувањето со Меси ќе биде емотивно. Лично, видов многу ѕвездени играчи, прво како играч, а потоа и како тренер, но тешко е да се сетам на некој што го постигнал она што го постигна Лионел. Жал ми е што неговата кариера со „Албиселесте“ завршува.
-Премногу сме блиску до важен натпревар како нашиот во недела [за да им дозволиме на Дибала и Молина да летаат до и од Аргентина]. Далеку сме од Аргентина и нивното испраќање таму ќе значеше дека ќе летаат многу часови толку блиску до натпреварот, а Рома претпочиташе тоа да не се случи, -истакна стретегот.
„Волчицата“ ќе има свои претставници на овој завршен репрезентативен чин на Лео затоа што во таборот на „гаучосите“ се Балерди, Суле и Кастро.







Comments