top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гамбит Асеко СЕЕ во водство

ШАХ – ЕКИПНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Дербито во 4-то коло на 29. Екипно првенство на Македонија во шах, кое се игра во Струга во седум кола, помеѓу Гостивар и бранителот на титулата Алкалоид, заврши без победник (3-3). Тоа го искористи Гамбит Асеко СЕЕ, кој со убедлив триумф (5,5-0,5) над Карпош, изби сам на врвот со максимални четири победи, односно осум бода. Поединечно, пријатно изненадија Ивана Манова, која ја оствари и втората победа, овој пат над искусниот ФМ Зоран Илиќ, потоа ФМ Ванчо Стаменков, кој го совлада ИМ Трајко Недев и Стојанчо Димковски, кој го подели поенот со ФМ Емил Ристески во најдолгата партија на денот (70 потези), откако не успеа да го промовира слободниот а-пион во кралица. На табелата Гамбит Асеко СЕЕ има 8 бода (19,5 по табли), а следуваат, Гостивар 7 бода (17,5), Алкалоид 7 (17,5), Прилеп 6 (16,5), Анпасан 2 (10,5), Куманово 2 (7), Центар 0 (5,5) и Карпош 0 (2). Резултати 4. коло: ПРИЛЕП – АНПАСАН 4-2 (ВМ Богосављевиќ – ИМ Сеитај 1-0, ВМ Миљковиќ – ИМ Паско реми, ИМ Златановиќ – Трајановски 1-0, ИМ Кироски – ФМ Органџиев реми, Готовуша – Аслани 0-1, Николовски К. – Каремани 1-0. КУМАНОВО – ЦЕНТАР 4-2 (Данов – Велјаноски 1-0, Куков В. – АФМ Златков реми, ИМ Средојевиќ – Петрески 1-0, ФМ Илиќ – Манова 0-1, Крстевски – Калин реми, Симов – Лазаров 1-0. КАРПОШ – ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ 0,5-5,5 (Куков Т. – ВМ Арнаудов 0-1, Јанков – ИМ Николовски Н. 0-1, Димковски – ФМ Ристески реми, Темков – ИМ Данчевски 0-1, Раниќ – ФМ Стојчевски 0-1, Цветковски – ФМ Андоновски 0-1). ГОСТИВАР – АЛКАЛОИД 3-3 (ВМ Бркиќ – ВМ Андрејкин реми, ВМ Шариќ – ВМ Криворучко реми, ИМ Сарачи – ВМ Инѓиќ реми, ИМ Стојановски – ИМ Панчевски реми, ИМ Стаменков – ВМ Недев 1-0, ФМ Стефаноски – ИМ Лазов 0-1).


1 view

Comments


bottom of page