top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Галтие и неговиот син приведени од полицијата за обвинението за расна дискриминација во Ница

Кристоф Галтие се соочува со отказ од ПСЖ, а денеска бил приведен и од полицијата поради скандалот од времето кога беше тренер на Ница. Галтие и неговиот посвоен син, инаку фудбалски агент, биле уапсени во рамките на истрагата за сериозна расна дискриминација, која беше откриена со објавување на коресподенција на поранешниот спортски директор на Ница и претставник на компанијата „Инеос“ која е сопственик на клубот. Во периодот откако аферата се појави во медиумите, полицијата разговарала со повеќе членови на Ница од тој период, а сега на ред стигнале и првообвинетите, кои ќе треба да дадат изјава, но и да се соочат со доказите во случајот. Галтие енергично ги отфрли обвинувањата, а ПСЖ тогаш најави дека внимателно ќе го следи случајот, иако се чини дека одлуката за отказ на тренерот е донесена уште одамна.


1 view

Comments


bottom of page