Галтие доби сериозно обвинение, ПСЖ итно отвори истрага за тренерот
Кристоф Галтие не доби отказ поради елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампионите, но сега се најде среде голема афера по која може да остане и без својата работа.
Галтие е обвинет од поранешен спортски директор на Ница, дека кога работел во овој клуб, од тогашниот тренер добил невообичаени, расистички замерки за изборот на засилувањата и екипата,
Жилиан Фурние добил забелешка дека во Ница „играле само црнци и муслимани, па половина екипа во петок била во џамија“, зборови кои го шокираше тогашниот спортски директор, кој сепак не излегол во пресрет на барањата на Галтие. Фурние дополнил дека Галтие често се жалел поради бројот на фудбалери од муслиманската вера во пресрет на рамазанските пости.
Откако денеска информацијата е објавена од сите француски медиуми, ПСЖ итно отворил истрага на барање на претседателот Насер Ал Келаифи, кој очигледно ќе бара целосно расчистување на случајот.
Медиумите тврдат дека ако раководството на ПСЖ знаело за ваквите ставови на Галтие, тој никогаш не би добил ангажман во редовите на актуелниот француски шампион.
Comments