Галтие воодушевен од Роналдо: Тој се уште е најдобриот фудбалер на светот
Португалскиот ас, Кристијано Роналдо игра на навистина високо ниво во последно време и со тоа одново се најде во фокусот на вниманието на пошироката фудбалска јавноста.
Ветеранот се „распука“ во националниот тим, а „гази“ и на клупски план со тоа што бројката од преку 40 голови во оваа календарска година доволно говори дека тој не застанува, забавува иако е блиску до 40 година од животот.
На последниот дуел од азиската Лига на шампиони, Роналдо даде два гола и запиша асистенција против Ал Духаил, партија по која противничкиот менаџер Криштоф Галтие имаше само комплименти, пофални зборови.
-Кога ќе се соочите со Роналдо, нема многу што можете да направите. Тој постигна два прекрасни гола. Немам зборови за да го опишам. Тоа што го направи е несекојдневно за 38-годишник. Тој се уште е најдобриот играч на светот, -порача Галтие кој по неуспешната епизода во ПСЖ се пресели во Катар.
Comments