Галичка свадба: „Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот“/ГАЛЕРИЈА
19.07.2021 Juli Ponedelnik
Катерина Илиевска и Филип Бундовски, викендов го крунисаа својот брак со звуците на зурлите и тапаните на традиционалната Галичка свадба, која што се одржа по пауза од една година поради ковид-пандемијата.
Традиционалните свадбени обичаи – китење, редење на бајракот и „фрлање пушки“, „пречек на топаните“, изведба на ората „Свекрвино“, „Тешкото“ и „Невестинско“, започнаа уште вчера, а завршија денеска со венчавка на младенците во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник.
Манифестацијата „Галичка свадба“ со своето опстојување придонесува да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочуваат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија изработена со филигрантска прецизност и точност на терзиите.
Галичката свадба се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и со поддршка од Министерството за култура. Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба”. -Зурлите и тапаните денеска повторно ечеа во Галичник. Илјадници посетители ја продолжуваат традицијата на ГаличкаСвадба. Нека е вечна љубовта на Катерина Илиевска и Филип Бундовски, овогодинешните невеста и зет, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Commenti