top of page

ГАЛЕРИЈА | Под мотото „Силно светнал ден“, над 120 артисти вечерва ги забавуваат граѓаните на плоштадот Македонија за 35 години независност на државата

Sep 7
1 min read

07.09.2026 Septemvri Ponedelnik

Плоштадот Македонија во Скопје вечерва na 04.09.2026 Septemvri Petok е исполнет со музика, настапи и бројна публика, каде што се одржува прославата „Силно светнал ден“, по повод 35 години од независноста на Македонија. На сцената настапуваат повеќе од 120 учесници, меѓу кои познати македонски музички имиња, фолклорни ансамбли, актери и танчари.Инаку, прославата во Скопје е завршница на националниот караван „Силно светнал ден“, кој на 9 август започна во Охрид. Во изминатите недели, програмата беше претставена во уште 11 градови низ државата, каде што беа организирани концерти и културно-уметнички настапи.

Специјално подготвената програма ги обединува музиката, глумата и танцот, преку кои се прикажуваат значајни историски моменти, но и подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Караванот „Силно светнал ден“ има за цел да ги обедини различните генерации и да ја одбележи 35-годишнината од независноста, во пресрет на празникот 8 Септември. Во прилог погледнете ја галеријата од вечерашната прослава:


 
 
 

Comments


bottom of page