фото и видео Спанскиот оперски пеач Карерас запеа со Каролина и Калиопи на концертот во Скопје, публиката го врати на три биса по повод 35 години независност на Македонија
02.09.2026 Septemvri Sreda
Незаборавна музичка вечер во Скопје приреди синоќа легендарниот шпански тенор Хозе Карерас кој пред македонската публика на 01.09.2026 Септември Вторник во Скопје на плоштадот Македонија настапи со посебна емоција и приреди концерт исполнет со врвни вокални изведби, во рамки на прославата за 35 години независност, во организација на „Авалон“ и Владата.
Градскиот плоштад беше огромна сцена под ѕвездено небо, со музичари на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски и оркестрации на Николче Мицевски.
Посебен момент на вечерта беа настапите со македонските музички ѕвезди Каролина Гочева и Калиопи. Заедничките изведби предизвикаа огромен аплауз и беа меѓу највечатливите моменти на концертот кој беше во патриотски, национален тон, и со изборот на песните и со преносот на МТВ каде на моменти се вееше македонското знаме.
Големиот тенор (79) имаше енергија и се врати на сцената дури три пати за бис. Последниот пат беше изненадување – со сите македонски изведувачи Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Дешира Амети-Крлиу, Маја Оџаклиевска, Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски и Ана и Игор Дурловски, го испеа рефренот на песната „Едно име имаме“, а диригираше гостинот од Шпанија, Давид Хименез.
Публиката со овации го испрати Карерас, во вечер која ќе остане запаметена како посебен музички настан во Скопје. (Л.С.)





















Карерас и Каролина ја изведоа „Ноќ и ден“
Калиопи и Карерас со изведбата „ Moon River“ на Френк Синатра/
Фолк-ѕвездата Сузана Спасовска излезе од анонимноста за концертот. Ги испеа „Ти верував до крај“ и „Земјо македонска“
Наум Петрески настапи со „Жал за Деспина“ и „Море сокол пие“
Оперската певица Дешира Амети-Крлиу/
Маја Оџаклиевска со ангелски глас ја крена атмосферата меѓу публиката со хитовите „Не допирај ме“ , „Многу солзи“ и „Македонско девојче“
Каролина која изгледаше како божица настапи со „Од нас зависи“, „Кој да ми запее“ и „Ако згрешам нека изгорам“
Ѕвездено небо за единствената Калиопи која ги испеја „Обои ме“ , „Месечина“ и во чест на Гоце Николовски „Бисер балкански“
Виртуозот Влатко Стефановски настапи со „Џипси сонг“, „Чукни во дрво“ и „Учи ме, мајко, карај ме“






Comments