top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Гала оперски концерт „Arigato” в петок во Националната опера и балет

На сцената на Националната опера и балет на 18. февруари (петок), со почеток во 20 часот ќе се одржи гала оперски концерт, насловен „ARIGATO“, или во превод од јапонски јазик „благодарам“.

Како што велат од НОБ, концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија, по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера и балет”.

Проектот кој започна во август 2018, а заврши во август 2021 година се реализираше во соработка со Јапонската организација за меѓународна соработка (ЏАЈКА – Балкан) во рамки на програмата за културни грантови.

На Гала оперскиот концерт ќе настапат нашите солисти Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Елена Голомеова – сопран, Соња Пендовска Мадевска – мецосопран, Благој Нацоски – тенор, Зоран Сотиров – тенор, Никола Стојчески – тенор, Ристе Велков – баритон, Игор Дурловски – бас, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Милчо Александров, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

На програмата ќе бидат изведени арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите: В. А. Моцарт, Ш. Гуно, Џ. Пучини, Џ. Верди, Л. Делиб, Р. Штраус, Г. Доницети, Р. Леонкавало, Ф. Лехар …


1 view

Comments


bottom of page