Гала вечер со проекција на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“
Во организација на амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во среда, 31 мај 2023, во 20 часот, во кино „Милениум” (ГТЦ, 1 кат) ќе се одржи гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти”.
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје.
Филмот е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022, 1ч54) .
Добитник е на шест награди награди Цезар 2023, меѓу кои и два од најпрестижните: за Цезар за најдобар француски филм и Цезар за најдобра режија.
Филмот има одлични критики во светските медиуми.
Проекцијата на „Ноќта на 12-ти” на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење. (Cinéma Teaser)
Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки. (Elle)
Филм на годината. (Le Figaro)
Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти” е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените. (Télé Loisirs)
Comments