Гал Гадот цел месец се подготувувала за аудиција за „Снежана и седумте џуџиња“
Гал Гадот ја глуми злобната кралица наспроти Рејчел Зеглер како титуларна принцеза во претстојната реимагинација на анимираниот класик „Снежана и седумте џуџиња“. Израелската актерка (38) откри дека ова било првпат по подолго време да мора да се опроба во улогата бидејќи требало да ги докаже своите музички способности. Во видео-интервју за британскиот магазин „Џеј-кју“ таа рече: „Тоа беше првпат по долго време да морам да одам на аудиција за проект.“ „Требаше да се уверат дека можам да пеам бидејќи ова е мјузикл. Така, еден месец работев на песната, а потоа бев на аудиција. Ја снимивме песната и, јас ја добив улогата. Беше многу возбудливо.“ Гал уживала во снимањето на филмот затоа што е толку различен од сè што таа некогаш работела. Новата верзија на култниот анимиран филм моментно е во фаза на снимање. „Дизни“ во последните десетина години активно работи на реимагинаации на популарни анимирани класици.
Comments