Гал Гадот тврди дека Џос Ведон ѝ се заканувал за кариерата
По приказната на „Холивуд репортер“ кога актерот Реј Фишер го обвини режисерот Џос Ведон за расистичко и насилно однесување во текот на снимањето на „Лига на правдата“, сега на површина испливаа нови обвинувања за наводно вознемирување и закани врз актерката Гал Гадот. Гал тврди дека нејзината кариера била загрозена од режисерот Џос Ведон. Суперхеројката или жена чудо во Wonder Woman работеше со режисерот во 2017 година на „Лига на правдата“. Таа откри дека Ведон ѝ се заканил ќе ѝ наштети на кариерата ако преземе нешто во врска со нејзините тврдења за недолично однесување. Во интервју за израелскиот портал N12 таа објасни за нејзините интеракции со режисерот и откри што точно ѝ рекол: „Молчи или ќе ти ја уништам кариерата“. Таа потвдри дека со неа разговарале луѓе што спровеле темелна истрага. Warner Media претходно соопшти дека завршиле со истрагата и дека се преземени мерки за подобрување на состојбата. Сепак, компанијата одби да образложи какво дејство е преземено. Обвинувањата на сметка на Ведон почнаа минатата година кога актерот Реј Фишер – кој го глуми Киборг во „Лига на правдата“ – го обвини Ведон за грубо, непрофесионално и целосно неприфатливо однесување.
Comments