top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Газета“: Федерацијата ја надмина последната пречка, Италија добива нов селектор


Роберто Манчини реши да поднесе оставка до италијанската Федерација и го остави празно селекторското место кое му припаѓаше во изминатите пет години, а тоа автоматски знаечеше дека „аѕурите“ ќе ги продолжат квалификациите за Европското првенство со нов тренер.

Прв тест за Италија по овој турбулентен период ќе биде гостувањето во Скопје на националната арена во нашиот главен град, но со цел тимот да има што подобри подготовки со новиот селектор, Италијанците побрзаа во преговорите со првиот кандидат.

„Газета“ денеска ексклузивно информира дека луѓето од Федерацијата успеале да ги надминат сите пречки кои ги поставиле Аурелио Де Лаурентис и Наполи, па така Лучијано Спалети ќе биде потврден за нов селектор уште утре.

Угледниот медиум се повикува на свои извори и открива дека Федерацијата ќе го плати обесштетувањето од 3 милиони евра, кое Наполи го вклучил во отказното решение на Лучијано со цел да се заштити од непосакуван трансфер во ривалски клуб

Според последните информации, Наполи и неговиот газда ќе го добијат тоа што го бараа, а италијанските фанови добиваат селектор кој воодушеви со фудбалот кој го негуваше во Наполи во изминатите две сезони.




0 views

Kommentare


bottom of page