Вујовиќ: Незадоволен сум од македонските играчи, нека се запрашаат дали го заслужуваат дресот на Вар
Updated: Aug 13, 2021
12.08.2021 Avgust Cetvrtok
Вардар загуби со убедливи 31:22 на Суперкуп натпреварот против Еурофарм Пелистер со кој се отвори новата натпреварувачка сезона, што за Веселин Вујовиќ значеше почеток на неговата трета етапа како тренер на македонскиот ракометен великан.
Популарниот Вујо нема по добро да го памети натпреварот против битолскиот тим кој се одигра денеска, па по поразот со убедливи девет голови разлика, немаше проблем да нагласи дека е посебно незадоволен од изданијата на македонските играчи кои му биле главна преокупација во овој прв подготвителен период.
– Немам ниту една забелешка за побдата која ја оствари Еурофарм Пелистер. Ова е почеток на она што не чека оваа година, ќе имаме многу натпревари. Некои играчи се далеку од енергијата која треба да ја покажат во дресот на Вардар. Ова е добро предупредување за почетокот, имаме уште многу да промениме во играта.
– Некои играчи треба да се запрашаат дали можат да го носат дресот на Вардар. Ни недостасуваше Гурбиндо, на следниот меч ќе го имаме и Кудуз, истото важи и за двајцата нови Французи. Тимот со нив ќе биде поинаков, но патот кој не чека е долг.
– Задоволен сум само од загревањето, од што да бидам задоволен по пораз од девет разлика? Посебно сум незадоволен од македонските играчи, на кои посветив многу време од почетокот. Сметам на нив, а покажаа дека се далеку од квалитетот кој треба да го прикаже Вардар. Ако продолжат вака како денеска, сите ќе имаме огромни проблеми, – порача Вујовиќ.
Comments