top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вујовиќ: Михајловски спречи фудбалско сценарио во Вардар, треба да бидеме реални!

Updated: Nov 26, 2021

23.11.2021 Noemvri Sreda

Пред да се насочи кон анализа и најава за новиот натпревар против Пик Сегед во Лигата на шампионите, Веселин Вујовиќ изрази огромно жалење и испрати сочувство до семејствата на загинатите во големата трагедија во соседна Бугарија, која ги стави во втор план сите спортски активности во нашата земја.

Фудбалската Федерација ги одложи четвртфиналните дуели во Купот поради тридневната жалост, додека на третиот ден од оддавањето почит на загинатите, Вардар ќе игра против Пик Сегде на домашен терен.

– Сите сме во шок од трагедијата која што се случи. Во име на целата „црвенo-црна“ фамилија упатувам сочувство до семејствата на загинатите, – изјави Вујовиќ кој потоа се осврна на реалноста во Вардар.

– Ситуацијата во Вардар е следна…. Михајловски се врати во Вардар за да не се случи фудбалското сценарио. Сепак, мора да разбереме дека ова не е оној истиот Вардар од пред неколку години. Во краток интервал загубивме од Кил, Алборг, Пик Сегед и Монпелје, но тоа не се воопшто слаби ривали.

– Не знам што ќе се случеше ако загубевме од Мотор или послаби ривали како Динамо Букурешт во другата група. Кога доаѓав во Скопје знаев дека ќе има голем притисок, дури и по важните победи во првите кола велев дека ќе дојдат лоши времиња и да не се прави еуфорија. Јас сум сигурен дека многу луѓе се реални. Желбата е едно, ама реалноста е друга. За сè е потребно време, многу повеќе ќе знам по паузата во јануари.

– Натпреварот во четврток мора да го добиеме како знаеме. Критиките во јавноста се големи, но и од сите други. Пет порази во низа ќе биде премногу, без оглед на проблемите. Ќе направиме се за да го победиме Пик Сегед, – вети Вујо на денешниот прес пред мечот во четврток.


1 view

Commentaires


bottom of page