Вујовиќ возбуден пред големото дерби во Скопје: Сакам да се вратам со победа и трофеј
Updated: Aug 11, 2021
10.08.2021 Avgust Vtornik
Вардар и Еурофарм Пелистер и официјално ќе ја стартуваат новата натпреварувачка сезона со Суперкуп пресметка во Скопје, пред која своите очекувања ги искажа предводникот на фаворизираниот тим од престолнината. Веселин Вујовиќ како повратник во Вардар сака да ја започне својата нова етапа со победа и освоен трофеј, потенцирајќи дека единствено важен ќе биде конечен успех, а не победа изразена со голем број разлика. – Не очекува натпревар против Еурофарм Пелистер, тим кој и лани играше важна улога во Македонија и во ракометна Европа. Знаеме дека повторно ќе бидат наш главен конкурент во домашното првенство. – Ние ја темпираме формата за натпреварите во СЕХА лигата со ППД Загреб, но како вардарци, имаме обврска да го освоиме трофејот во Суперкупот. Не размислувам со каков резултат ќе победиме, знам дека нашите навивачи сакаат да биде победа изразена со поголема разлика. – Засега се уште ни недостасува Гурбиндо кој е огромно засилување за нас, но останатите знаат која е нивната задача. Сакам да се вратам со победа и трофеј. Мојата средба со „Комити“ секогаш е емотивна, но се уште не знам дали ќе биде дозволена публика на трибините, – изјави Вујо во пресрет на утрешниот меч кој се игра во „Јане Сандански“ во 19:00 часот.
コメント