Вујовиќ: Вардар ја подигна играта, ова е натпревар кој мораме да го добиеме
07.12.2021 Dekemvri Vtornik
Вардар е пред нова задача во Лигата на шампионите, битка со ППД Загреб со што ќе ја затвори оваа календарска година кога се во прашање дуелите во елитното натпреварување. „Црвено-црните“ имаат шест порази во низа и во Хрватска сакаат да стават крај на оваа црна серија. Нашиот шампион добро го познава квалитетот на противникот со кого во месец август имаа тесни средби во СЕХА лигата, па така се очекува да биде и утревечер во Загреб од 20:45 часот. -Нe очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред се Гојун, Муса, Чупиќ… Тука се младите играчи кои навистина многу напредуваат како Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде навистина тежок натпревар, доаѓаме и двата тима од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. -Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во следната фаза. Мислам дека Вардар ја подигна играта, играме добро и дојдовме до натпреварите, противници кои се реално, близу нашиот квалитет Загреб, Мешков, Елверум. Од нив верувам ќе извлечеме добар резултат и ќе го ја оствариме целта, пласман во следната рунда, -изјави тренерот Веселин Вујовиќ.
コメント