top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вучиќ се состана со Ѓоковиќ: Сум го примил и Путин, но вакво нешто немам видено (Видео)

Александар Вучиќ како претседател на Србја денеска го нагости светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, чин со кој сакаше и јавно да му ја презентира максималната поддршка која ја добива од цел народ за сите немили случувања кои тенисерот ги доживеа во Австралија. Ѓоковиќ на крајот не настапи во Мелбурн и остана без шанса да ја брани титулата која подоцна ја освои Рафаел Надал, а денешниот прием во претседништвото беше прв јавен настан на кој Ноле се појави по депортацијата од Австралија. Вучиќ не го криел задоволството од посебната чест која му ја укажал Ѓоковиќ, но исто така нагласил дека никогаш во својот живот не присуствувал на средба каква што била оваа денеска со спортскиот амбасадор на Србија. – Ги имам примено сите државници во светот, од американскиот до Владимир Путин, но вакво нешто немам видено. Да видам толкава заинтересираност, новинарите да стојат еден врз друг во три четири реда. Никогаш не се случило вакво нешто. Тоа говори колкава ѕвезда сте и какво значење имате за нашиот народ, – му порачал Вучиќ на Ѓоковиќ. Од друга страна, Ноле не откривал никакви детали за престојот во Австралија, најавувајќи дека за седум или десет дена ќе има јавно обраќање на оваа тема. – Благодарен сум за поддршката, никој не беше приморан да застане на моја страна, но сега знам дека оваа врска меѓу мене и Србија ќе биде вечна. Со оглед на тоа што не се огласував во врска со случувањата во Австралија, ќе ве замолам за трпение. Во наредните седум до десет дена ќе имам обраќање во медиумите и ќе откријам детали од мојата верзија, – порачал Ноле.





1 view

Comments


bottom of page