Вучиќ му додели државно признание на актерот Џони Деп
Вучиќ му додели државно признание на актерот Џони ДепСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска додели повеќе одликувања на заслужни поединци и организации, по повод празникот Ден на државноста.Тој на свечената церемонија кажа дека Србија е бастион на слободата и независноста и гарант на стабилноста во регионот, со желба за добар живот со соседите.Меѓу добитниците на највиоските признанија се политичари од БиХ и Црна Гора, Жељка Цвијановиќ, претседателката на Република Српска и Милан Кнежевиќ, пратеник во Собранието на Црна Гора, потоа Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана, а орден доби и манастирот Св. Прохор Пчињски.Златен медал за заслуги доби и холивудскиот актер Џони Деп кој изјави дека ќе остане доследен и ќе направи сè што е во негова моќ медалот да биде приказ на неговата обврска кон Србија.Познатиот актер претходно бил во Белград во октомври минатата година кога го промовирал анимираниот серијал Puffins Impossible, направен во Србија со поддршка на српското министерство за култура, а креиран во студиото за продукција на анимирани содржини Iervolino Studios (IES).Тој тогаш бил во друштво на претседателот на Србија, но и српската актерска ѕвезда Милош Биковиќ. Вучиќ тогаш ветил дека на Денот на државноста ќе му додели одликување на Деп.„Почестен сум од одлуката да бидам одликуван со орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија“, рекол тогаш Деп.„Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја“, додал тој.Потоа во официјално соопштение било наведено дека актерот ќе добие одликување од Вучиќ во знак на благодарност за почитта што ја покажува кон Србија и за бројните проекти кои вработуваат голем број млади луѓе.Инаку, околу Палатата Србија во Белград каде денеска се одвиваше свечената церемонија, паралелно се одржуваа демонстрации од еколошки организации кои бараат трајна забрана за ископување на рудите бор и литиум.На протестот се случи и посериозен инцидент, кога автомобил удри во едно млад човек, носејќи го десетици метри на хаубата. Според тековните информации, повредениот поминал со полесни повреди, а од полицијата соопштиле дека возачот е пронајден и уапсен.Околу зградата беа распоредени голем број полицајци кои ги спречија граѓаните да се приближат до објектот, а демонстрантите во неколку наврати се обидоа да го пробијат полицискиоткордон.
Comentarios