top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вучиќ е оптимист: Србија ќе има европски кошаркарски шампион за две години

Партизан и Црвена Звезда за првпат во својата историја играат заедно во Евролигата во оваа сезона со тоа што „црно-белите“ како што стојат работите се многу блиску до место во плејофот, додека „црвено-белите“ ќе мора да почекаат нова прилика да обезбедат разигурвање за пехарот.

Меѓутоа во двата клуба се вложуваат многу финансиски средства, па претседателот на Србија, Александар Вучиќ верува дека за брзо време неговата земја ќе даде европски кошаркарски шампион.

-Верувам дека ќе имаме европски шампион во кошарка, за две, три или четири години најдоцна, -истакна Вучиќ за РТС.


1 view

Comments


bottom of page