Вулверхемптон конечно избра менаџер, ќе ангажира довчерашен асистент на Џерард
Заминувањето на Бруно Лаге од менаџерската позиција во Вулверхемтпон го инволвираше клубот во долга потрага по негов наследник, но по многу шпекулации се чини дека истата ќе заврши.
Раководството на „волците“ го избрало Мајкл Бил, менаџерот кој во моментов го предводи Квинс Парк Ренџерс, клуб на кој ќе треба да му биде платена откупната клаузула.
Бил беше поставен за менаџер на КПР во текот на летото и по само неколку месеци веројатно ќе се пресели во поквалитетната лига, односно на клупата на Волвс.
Премиерлигашот преговараше и со Петер Бос и евентуалниот повратник Нуно Еспирито Санто, но на крајот предност добил Бил, кој и самиот е заинтересиран за трансферот.
Клубот има предвид и дека Бил зборува португалски поради својот престој во Сао Пауло, со што има можност за добра комуникација за големиот број Португалци во составот на „волците“.
Бил е поранешен асистент на Стивен Џерард и со него работеше во Ренџерс и Астон Вила, пред да ја прифати самостојната работа во КПР.
Comments