Search
Вториот дуел против Израел откажан поради случаи на ковид-19 кај ривалот
Пријателскиот меч помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Израел, кој требаше да се игра денеска во Скопје, е откажан поради три случаи на ковид-19 во гостинскиот состав.
Македонија синоќа го победи Израел со 31-28 во рамки на подготовките за Европското првенство во Унгарија и во Словачка.
Сите македонски ракометари добија негативни тестови на денешното тестирање пред мечот.
Репрезентативците треба да се тестираат уште двапати во пресрет на Европското првенство кое се игра од 13 јануари.
Comments