top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Втора победа на Швеѓанката Лорин на „Евровизија“

Шведска е победничка на „Евровизија 2023“. Со песната „Тетоважа“ (Tattoo) Лорин и ја донесе седмата победа на Шведска на Евровизија, а нејзината втора на овој натпревар. Таа беше прва 2012 година на „Евросонг“ во Баку, со песната „Еуфорија“ (Euphoria). Сега Шведска и Ирска имаат по седум евровизиски победи. Кај мажите тоа му успеа на Џони Логан.

Примајќи ја наградата, видно возбудена таа им се збалагодари на сите што гласаа за неа.

Инаку Лорин е сестран уемтник, освен што е пеачка, таа е и текстописец, водителка и продуцент.

Првото место за Лорин и го донесоа најголемиот број бодови, вкупно 583, и од националните жирија и од публиката од 37 држави, во сооднос 50:50.

Втора е Финска, со освоени 526 бода, а третопласирана држава е Израел со 362 бода.

Домаќин на годинашниот избор беше британскиот град Ливерпул, а организаторите се потрудија ова да биде спектакулано шоу, едно од најквалитетните во псоледните неколку години. М.Т.



0 views

Comments


bottom of page