Втор фолклорен фестивал на Македонците во Албанија в недела во Тирана
15.04.2022 April Petok
В недела во Тирана ќе се одржи вториот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија” во организација на македонското друштво „Илинден”, кој и овојпат е поддржан од Министерството за култура на Албанија.
– Оваа манифестација е од големо значење за нас Македонците во негувањето на традициите и фолклорот. Ќе настапат фолклорни групи од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа со македонски традиционални ора од овие области. Гости ќе ни бидат театарот „Скрб и утеха” од Скопје, сцени од проф. д-р Тихомир Стојановски и актерот Страшко Милошевски, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден”.
Додаде дека очекуваат голема посетеностод Македонците кои живеат во Тирана, како и од други делови на Албанија.
– Фестивалот ќе се одржи в недела со почеток во 16 часот, во амфитеатар Тирана, големиот парк кај вештачкото езеро во Тирана. Влезот е слободен и сите се добредојдени, рече Ѓурѓај.
Првиот фолклорен фестивал на Македонците во Албанија беше одржан на 9 јуни 2019 година. Поради пандемијата и антиковид-мерките, фестивалот не се одржа во минатите две години.
Comments