top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Втор трофеј за Македонија Ѓорче Петров

ФУДБАЛ – КУП НА МАКЕДОНИЈА

Македонија Ѓорче Петров го совлада Силекс со 4-2, на пенали (по 120 минути игра беше 0-0), во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, кој се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. За ѓорчепетровци ова беше четврто финале и втор триумф во клупската историја (претходно победи во 2006 година). Еден од најзаслужните за освоениот пехар беше голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски, кој одбрани „зицер“ во регуларниот дел од мечот, а потоа уште два пенала во пенал-серијата. Најмногу трофеи во Купот на Македонија освои Вардар, пет (во 1993, 1995, 1998, 1999 и во 2007 година).


2 views

Comments


bottom of page