Search
Втор триумф за Јохауг, Цветановска 95-та
КРОС-КАНТРИ, 10 КМ, ЖЕНИ
Норвежанката Терезе Јохауг го освои златото во крос-кантри на трката на 10 км класичен стил, со време од 28,6 минути. За неа тоа е втор златен медал на Игрите во Пекинг, по оној во трката на 15 км скијатлон (7,5 км слободно и 7,5 км класично). Керту Нисканен од Финска задоцни само четири стотинки зад Норвежанката и го освои среброто, а со бронза се закити Криста Пармакоски исто така од Финска, која имаше заостанување од 31,5 секунда. На оваа трка настапи и единствената македонска олимпијка во Пекинг, Ана Цветановска, која го освои 95-то место, со време од 39,57 минути. Во трката на 10 километри учествуваа 98 скијачки, кои стартуваа во интервали од по 30 секунди и скијаа по два круга на патеката долга пет километри.
Commentaires