Втор Европски јуниорски џудо-куп 2024 во Скопје
26.07.2024 juli Petok
Македонската Џудо-федерација го подготвува вториот Европскиот јуниорски џудо-куп, кој ќе се оддржи од 9 до 11 август во Скопје.
-Со задоволство можеме да кажеме дека афирмација на џудото е во добиената организација на Европскиот јуниорски џудо-куп – вели м-р Миодраг Стојановиќ потпретседател на македонската Џудо- федерација.
-Минатата година учествуваа 223 џудисти од 29 земји, меѓу кои и од Америка, Канада, Израел и Саудиска Арабија. Годинава, досега се пријавени 220 учесници од 25 земји. Пријавувањето е во тек. Заради добрата организација и највисоките оценки кој ги добивме од Европската џудо-федерација и Светската џудо-федерација, продолжуваме со организација на овој јуниорски куп, но и на Европското кадетско првенство во 2025 година – вели Стојановиќ.
Фото: Џудо-федрација
Активностите се должат, вели тој, на добрите организациски способности на федерацијата, како и лобирањето на претседателот Владимир Трпаноски и управата на федерацијата.
-Се надеваме дека и овој пат ќе се прикажеме во најдобро светло и како организатори и со нашиот јуниорски тим. Веруваме дека со резултатите ќе го афирмираме џудо- спортот во земјава – додава Стојановиќ.
Фото: Џудо-федрација
Инаку, подготовките се во пресрет на Летните олимписки игри, по испраќањето на нашиот претставник, џудистот Еди Шерифовски (-81кг), кој гордо ќе не претставува во Париз.
Од Џудо-федерацијата ги покануваат сите вљубеници во боречките спортови масовно да го посетат Европски џудо куп. Влезот е бесплатен.
-Ќе можат да уживаат во џудо-спектакл и да осознаат повеќе за овој древен јапонски спорт кој во земјава е присутен уште во раните шеесетити години – велат од федерацијата.
Comments