top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Врчак се врати на сцената со „Посреќна“: Песната урива рекорди, за 48 часа има 70.000 прегледи!

Новата песна на ДНК и Врчак стана вирална, а за неполни 48 часа песната има 70.000 прегледи!

Конечно се случи тоа што многумина со нетрпение го очекуваа – Раде Врчаковски – Врчак и официјално се „врати“ на македонската музичка сцена.

Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК со наслов „Посреќна“ , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој.

Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, текстот е на Панчо и Врчак, додека пак аранжманот е дело на Лазе.

Иако можеби изгледа како вчера да беше кога Врчак се повлече од музичката сцена, сепак, ова е негова прва песна по цели 15 години.

Исто така и на ДНК после спектакуларниот концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3. декември 2022 година, ова е нивна песна по пауза од скоро една година.

Инаку ова е само најава за она што допрва го планира Врчак кога станува збор за музичките планови, а исто така и ДНК веќе работи на нивните најнови проекти, кои публиката допрва ќе има прилика да ги слуша и да ги види…Друштво, во име на Врчак, Андреј, Лазе и во мое име, Ви се заблагодаруваме од срце за нереалната поддршка која ни ја дадовте во изминатиов период и бевте наши големи мотиватори да излезе овој дует кој нема да биде и последен. Иако бројките се небитни, 70.000+ прегледи за “ПОСРЕЌНА” за само 24 часа на Јутуб се нереални за македонски пазар, а уште повеќе со оглед на самиот пад на јутуб како платформа. Тоа е вистински показател за љубовта и поддршката која ни ја давате, за која бескрајно сме ви благодарни и немаме зборови со кои може да ви се заблагодариме. Со почит“, напиша Панчо на социјалните мрежи.



1 view

Comments


bottom of page