top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Врие во Неапол: Натпреварот на Елмас и соиграчите поместен поради безбедносни причини

Градот Неапол е подготвен за големото шампионско славје во италијанската Серија А, но страста која владее меѓу навивачите придонесе да видиме поместување на следниот меч кој го игра тимот на Лучијано Спалети. Елиф Елмас и соиграчите требаше да ја пречекаат Салернитана на домашен терен в сабота, но поради безбедносни причини за јавно добро, натпреварот е поместен еден ден подоцна. Наполи-Салернитана и официјално ќе се игра в недела кој е неработен ден за сите во Италија, што според Аурелио де Лаурентис ќе биде многу подобро сценарио во ситуација кога би се славело титула. Тоа ќе се случи ако Наполи оствари очекувана победа над Салернитана, а Лацио не победи во дербито со Интер кое се игра в недела во 12:30 часот. Според последните информации, Наполи својот натпревар ќе го игра во 15:00 часот. – Исклучително сум задоволен што мечот е поместен. Подобро да се спречат непосакувани работи, отколку подоцна да се лекуваат. Овој град сака да слави и ние го имаме правено тоа во минатото. Но, сега сакаме тоа да го направиме безбедно, од јавен интерес е овој меч да се игра в недела. Градот созреа во целост, а не само нашиот клуб, – изјави Де Лаурентис.


0 views

Comments


bottom of page